Во хеликоптерската несреќа загина и една од четирите ќерки на Брајант

by Фокус

Во тешката хеликоптерска несреќа во која животот го загуби еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, загинала и една од неговите четири ќерки – 13-годишната Џана.

Светот се простува од Коби на социјалните мрежи, а голем број на луѓе се собираат пред Стејплс Центарот во Лос Анџелес за да и оддадат почит на легендата на Лејкерси.

Американските медиуми потсетуваат дека Брајант уште во играчката кариера, како и подоцна, речиси секојдневно летал со хеликпотер, со цел да ги избегне големите сообраќајни гужви во Лос Анџелес и неговата околина.

Поврзани новости