Во Грција се размислува за вакцинација на деца од 15 до 17 години

by fokus

Постои размислување да препорачаме вакцинација на децата од 15 до 17 години, вели професорката за детски инфективни болести и членка на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција Вана Папаевангелу во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Папаевангелу објасни дека ова размислување е поради тоа што децата на конкретната возраст, доколку се заразат може да поминат потешко во споредба со оние што се помали, но и поради тоа што овие деца и во самите училишта имаат поголема раздвиженост за разлика од основните училишта.

-Сега сме во крајната фаза на дискусија, сакаме да ја подготвиме оваа препорака. Секако, кога ќе дадеме зелено светло, вакцинацијата може веднаш да започне, со оглед на тоа дека постои одобрување од ЕМА. Во текот на јули, веројатно е да бидат одобрени и други вакцини за децата под 18 години, рече Папаевангелу.

Поврзани новости