Во градинките врие од стрептококи бактерии, кои предизвикуваат шарлах

by Fokus

Последниот месец во детските градинки врие од стрептококи бактерии, кои предизвикуваат шарлах, па повеќето од децата таман ќе тргнат, повторно остануваат дома, реагираат дел од родителите.

Преполовени се колективите, особено градинките каде што децата од бебиња до шест години одат и се уште стекнуваат имунитет. Доволно е само едно дете или две да имаат бактериска инфекција и таа со брзина на светлината се шири кај сите други деца.

„Моето дете веќе еден месец е дома. Таман ќе тргне во градинка и ќе фати некоја бактерија на нос или грло, па акде температура, гнојна ангина и не можеме да се оправиме. Таков е периодот и факт е дека не можеш ниту да ги спречиш децата да е дружат, а ниту па некое знае дали има бактерија, ако нема симптоми“, раскажува 37-годишна мајка.

Со истиот став се и лекарите, чии ординации се преполни со деца ос висока температура и до 40 степени, кои траат дури по 4-5 дена,

„Овој период доста актулени се вирусите, кои искрено откако фати ковид пандемијата се пореметија. Многу застапени во градинките се и стрептококите, кои се шират и децата се заразуваат брзо едни од други. Па, така ако родителите забележат дека детето е болно, има симптоми, температура не смеат да го мешаат со други деца, апелираат лекарите.

Стрептококот е респираторна инфекција, многу честа бактерија, која се пренесува со капки, односно со зборување, кашлање, кивање, но и со допир.

Кога станува збор за заштитните мерки, епидемиолозите велат дека изолацијата е единственото решение.

Тоа е микроб кој го има насекаде и постојано, така што можеме да се заштитиме од него само со изолирање од другите луѓе, со целосно избегнување контакт. Овој микроб е причина за шарлах и гнојна ангина. Тој лачи ендотоксин кој ги оштетува крвните садови и се манифестира како шарлах, по што го препознаваме.

Стрептококата може да доведе до појава на гној, воспаление на кожата и внатрешните органи, доколку не се земе навреме антибиотската терапија“

Причината поради која педијатрите даваат антибиотици кога децата имаат стрептокок е  за да се заштитат од компликациите на оваа бактерија што доведува до ревматска треска, воспаление на срцевите залистоци и воспаление на бубрезите.

И.М.

 

Поврзани новости