Една од двете девојчиња кои утринава беа нападнати со нож од маж во градот Илеркирхберг, Германија.им подлегнала на повредите.
Според полицијата, маж чиј идентитет се уште не е познат нападнал две девојчиња кои биле на пат кон автобусот кој требало да ги однесе до училиште.
Девојчињата се здобиле со тешки повреди опасни по живот, од кои едното ,14-годишно девојче починало , додека 13-годишното девојче се наожа на интензивна нега.
Напаѓачот побегнал во најблиската зграда, која по пријавувањето на нападот веднаш била опколена од полицијата Полицијата упаднала во станбената зграда каде го пронашле напаѓачот кој заедно со уште две лица бил уапсен.
Засега не се познати мотивите на нападот и дали девојките го познавале напаѓачот.
Од полицијата сооптија деека првин ќе ја истражат позадината на нападот.