Танкери полни со руска нафта направија застој во близина на турскиот брег

by Fokus

Танкери со нафта направија вистиски сообраќаен метеж во близина на брегот на Турција, на само еден ден откако Западот воведе ограничување на цената на руската нафта, додека Анкара инсистира да обезбеди нов доказ за осигурување за сите бродови, пишува „Фајненшл тајмс“.

Најмалку 19 танкери со нафта чекаат да поминат низ турските води, се наведува во текстот, цитирајќи бродски посредници, трговци со нафта и и претсавници на сервисот за сателитско следење на поморскиот сообраќај.

Бродовите се закотвени недалеку од Босфорот и Дарданелите, двата морски теснеци кои ги поврзуваат руските пристаништа на Црното Море со меѓународниот пазар.

Оваа недела стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта што се транспортира по морски пат од 60 долари за барел. Мерката беше воведена од Групата седум, Австралија и 27 земји од ЕУ.

Договорот дозволува транспорт на руска нафта до трети земји со танкери од Г7 и членките на ЕУ, како и користење на осигурителни услуги доколку товарот се плаќа по цена која е на нивото на лимитот или пониска.

Русија денеска објави дека одлуката на Западот ќе го дестабилизира глобалниот енергетски пазар, но дека нема да влијае на нејзината „специјална воена операција“ во Украина.

Поврзани новости