Во Германија се потврдени 210 нови случаи на новиот коронавирус, соопшти Институтот „Ројберт Кох“.
Со последните податоци, бројот на болни во Германија се зголеми на 1.112 од 902 колку што беа регистрирани вчера.
Најмногу заразени, вкупно 484 лица, се во западниот регион, најнаселената област на земјата.
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан вчера ги повика организаторите на настаните во земјата да размислат за одложување на сите собири со повеќе од 1.000 учесници во согласност со мерките за спречување на ширење на новиот коронавирус.
Шпан за ДПА изјави дека смета дека сè уште се организираат премногу настани, како што се спортски игри, концерти и саеми.
– Свесен сум за последиците што тоа ќе ги има врз граѓаните и организаторите, ќе разговараме за тоа како ќе се однесуваме кон економските последици во наредните неколку дена, рече Шпан.