3.1K
Рано утрово, во гаража во Скопје бил физички нападнат Илија Тозија од три непознати лице.
„На 22.11.2019 во 02.30 часот во СВР Скопје, И.Т.(31) од Скопје пријавил дека околу 00.00 часот во гаража од зграда на ул.„50-та дивизија“, со употреба на тврд предмет, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Тозија е поранешен управител на фирмите кои се во релација со некогашниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков.
Тој е во блиски односи и со синот на Мијалков, Јордан, но и со Александар Јовановски-Жути. Неговата фирма беше дел од аферата со тендерот за реагенси „тежок“ 35 милиони евра.