453
Француските сенатори беа запрепастени кога открија дека во Сенатот се чува биста на Адолф Хитлер и нацистичко знаме, додека столиците со грб на орел од Третиот рајх неодамна биле отстранети. Тајната ја чувале неколку инсајдери, објави „Монд“.
По објавување властите наредија попис на документи и предмети што ги оставил нацистичкиот окупатор во Сенатот. Бистата на Адолф Хитлер е висока 35 сантиметри.
Јавноста беше уште повеќе вознемирена од откритието дека до неодамна, дел од персоналот на Сенатот работел на маси со грбови на орли.
За време на војната, палатата на Луксембург, во која се наоѓа Горниот дом на францускиот парламент, беше команда на германските воздушни сили.