Кривична пријава за наставничка од Неготино: Навела ученик да настапува на државен натпревар во име на нејзиниот син

by fokus

Професорка од Неготино заработи кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, велат од МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против В.П.(47) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на април 2019 пријавената, наставник во СОУ „Свети Кирил и Методиј“ Неготино, навела ученик во наведеното училиште, на 03.05.2019 да учествува на државен натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта, кој се одржал во Битола, во име на нејзиниот син. Ученикот освоил трето место во име на нејзиниот син, кој на денот на одржување на натпреварот бил надвор од државата“, велат од МВР.

Поврзани новости