Во Франција најмал број на починати од корона вирус од почетокот на пандемијата

by fokus

Во Франција во последните 24 часа се регистрирани 80 смртни случаи, што е најнизок дневен биланс од почетокот на пандемијата со Ковид-19, јави дописникот на МИА од Париз.

Иако ова е најнискиот број на смртни случаи од почетокот на април, сепак, вкупниот број од 1 март достигна 26 310.

Притисокот врз здравствениот систем и посебно врз одделенијата за реанимација продолжува да се намалува. Така, бројот на тешки случаи изнесува 2.812, кои се на интензивна нега, додека 22. 614 лица се на болничко лекување со дијагноза на Ковид-19.

Поврзани новости