Во Франција фатен италијански мафијаш кој минатата година побегна од затвор

by Fokus

Марко Радуано, еден од водачите на мафијата од Пуља, е фатен денеска во Франција откако пред една година избега од затворот на Сардинија.

Радуано (40), шефот на таканаречената „Мафија од Гаргано“, побегна од високобезбедниот затвор во Нуоро во февруари 2023 година, спуштајќи се по ѕидовите на затворот „Баду е Карос“ со чаршафи врзани во јазол, пренесува италијанскиот канал TgCom24.

Тој се одлучил на овој потег бидејќи е осуден и за друго кривично дело поврзано со трговија со дрога, по антимафијашката акција „Мартовски снег“, спроведена од Управата за борба против мафиите на градот Бари.

Радуано веќе ја отслужуваше затворската казна во Нуоро, која требаше да истече во 2046 година, но, дваесет дена пред бегството, тој беше информиран за новото обвинение кое ќе му ја продолжи затворската казна на дополнителни 19 години и три години условен отпуст.

Тој беше вклучен во листата на најопасните италијански бегалци барани од Европол.

Поврзани новости