640
Бројот на заразени со корона вирусот вчера надмина 50 илјади во Франција, што е нов рекорд и во Франција и во Европа.
Процентот на позитивни во однос на тестираните се искачи на 17 проценти, a 116 лица починаа за 24 часа од ковид.
Во болниците хоспитализирани се околу 16.000 лица. Досегашните мерки на владата очигледно не се доволни. Во исто време, студентите се на одмор уште една недела. Сите се плашат што ќе се случи кога повеќе студенти ќе се вратат на клупите.
Властите, засега, чекаат полицискиот час да ги даде првите резултати и не воведуваат регионален карантин.
Инаку од регионот Хрватска вчера регистрираше 2.241 инфицирани , а Словенија 1.673 новозаразени од вирусот .