Казнети 222 возачи во Скопје, меѓу кои 60 за брзо возење

by Fokus

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 222 санкции, меѓу кои 60 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење,17 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 23 мерки за возење без возачка дозвола и два мотоциклисти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Изречени се 29 мерки за непрописно паркирање, едно привремено одземено возило и 26 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.

Од МВР, апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости