Во Европскиот парламент разговори за проширувањето на ЕУ

by fokus

Европратеници и членови на националните парламенти на земјите од Западен Балкан ќе одржат денеска разговори во Брисел за процесот на евроинтеграции и за политиката на проширување на ЕУ.

„Парламентарците од Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, вклучително и лидери на политички и парламентарни групи, ќе ги споделат своите ставови за предизвиците и перспективите на политиката за проширување на ЕУ со европските парламентарци“, велат во во Европскиот парламент.

Тркалезната маса за пристапување на Западен Балкан во ЕУ ќе ја отворат претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли и комесарот за проширување Оливер Вархеи.

Тоа ќе биде прва официјална посета на Вархеи на парламентот во Брисел, откако тој беше назначен за комесар.

На пратениците во Европскиот парламент и националните парламенти на земјите од регионот ќе им се обрати и до новоназначениот известувач на ЕП за Западен Балкан, Тонино Пицула. МИА

Поврзани новости