Во еден ден пет пријави за каснувања од кучиња скитници

by fokus

Во текот на вчерашниот ден петмина граѓани пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници во пет различни градови во земјава.

На 15.04.2023 во 22.50 часот во СВР Битола, З.И.(45) од Битола пријавил дека на ул.„Васко Карангелевски“ бил каснат од куче скитник.

На 15.04.2023 во 18.30 часот во СВР Куманово, К.Ѓ.(28) од Куманово пријавил дека на улица „Пиринска Македонија“ бил каснат од куче скитник.

На 15.04.2023 во 11.45 часот во Полициската станица Гостивар, С.С.(49) од Гостивар пријавил дека на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ бил каснат од куче скитник.

На 15.04.2023 во 19.45 часот, Б.Г.(37) од Струга во полициска станица пријавила дека на улицата „Боро Хаџиевски“ во Струга била касната од куче скитник.

На 15.04.2023 во 22.35 часот, А.А.(39) од Кичево во полициска станица пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

Поврзани новости