172
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 18 санкции за некористење сигурносен појас.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 13 санкции за возење под дејство на алкохол…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.