Во еден ден казнети 144 возачи во Скопје

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за некористење на сигурносен појас…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Поврзани новости