(Видео) Се урна голем мост во Балтимор откако во него удри товарен брод: автомобили и луѓе паднаа во реката

by Fokus

Во американскиот град Балтимор во државата Мериленд, голем мост се урна во реката откако во него удри брод, кој потоа се запали. На мостот имало автомобили, кои по уривањето на мостот завршиле во реката.

На видеото се гледа како голем дел од мостот Френсис Скот Ки, долг 2,6 километри, паѓа во вода по падот.

Градската полиција соопшти дека работниците „најверојатно“ завршиле во вода.

На видеото се гледаат возила како паѓаат од мостот, а инцидентот се случил околу 01:30 часот по локално време.

Градоначалникот на Балтимор рече дека екипата за итна помош е на местото на настанот и дека спасувачките напори се во тек.

Засега не се знае дали има загинати и/или повредени.

Поврзани новости