Во еден ден четири пријави – две деца и двајца возрасни каснати од улични кучиња

by fokus

Во еден ден во полициските станици низ Скопје стигнале четири пријави за каснување од улични куќиња. Завчера двајца родители пријавиле дека нивните деца ги каснало куче, еден странец и уште едно лице  биле искасани од кучиња.

-На 06.04.2023 во 09.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Т.П.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Димитар Туриманџовски“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

-На 06.04.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, С.Ј.(56) од Република Србија, со живеалиште во Скопје, пријавил дека на ул.„Иван Цанкар“ бил каснат од куче скитник.

-На 06.04.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.К.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Маџари“ неговиот малолетен син бил каснат куче скитник.

-На 06.04.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Т.Б.(64) од Скопје пријавил дека во с.Ново Село бил каснат од куче скитник, соопштуваат од МВР.

Поврзани новости