595
Тетовските полициски инспектори започнаа истрага за најдена марихуана во дворот на тетовскиот затвор. Дрогата ја нашол еден од вработените, па пријавил во СВР Тетово.
– Вчера околу 18:30 часот, вработен во Казнено-поправната установа „Затвор Тетово“ во СВР Тетово пријавил дека во кругот на установата било пронајдено најлонско ќесе со марихуана, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Ќесето е подигнато за вештачење и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот