371
При акциска контрола во два угостителски објекти во тетовско, полицијата затекнала вкупно 16 девојки од земјава и од странство, кои, како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, ги забавувале гостите.
Едниот објект е лоциран во село Горно Седларце, покрај автопатот Тетово – Гостивар, во сопственост на Н.Ш.(42) од Тетово, каде биле затекнати 10 девојки, при што пет биле од Македонија, а пет од Албанија.
Другиот објект, пак, се наоѓа покрај регионалниот пат Тетово – Желино, во сопственост на А.Х.(46) од Тетово, каде биле затекнати шест девојки, од кои две биле од Македонија, а четири од Србија.
Сите биле предадени на понатамошна постапка.