Во Драч запленети над 20.000 тони шверцувана нафта

by Fokus

Во најголемото албанско пристаниште, Драч запленет е танкер кој превезувал 22.500 тони шверцувана нафта. Танкерот пловел под либиско знаме, но според првичните сознанија од истрагата тој е по потекло од Русија.

Полиција објави дека нејзините структури со цел сузбивање на шверцот со нафта, која пристигнува главно од Либија, но и други земји, обезбедила информации дека танкер кој пловел под либиско знаме транспортирал многу голема количина нафта.

-Врз основа на овие информации, во полициската акција „Ембарго“, на пет милји оддалеченост од морскиот брег, кај Драч, блокиран е танкерот „Grace Felix“ со либиско знаме, кој превезувал 22.500 тони нафта, со фалсификувана документација, која требало да биде прошверцувана во Албанија. Исто така, од првите истражни дејствија наведуваат дека овој товар на нафта е земен од земји со ембарго за нафта, поточно од Русија, стои во полициското соопштение.

Поврзани новости