Дом за стари лица во Таојан во Тајван ангажирал стриптизерка за да ги расположи постарите лица. Многу од корисниците на Домот се во инвалидски колички.
Од старскиот дом објаснија дека ангажирале стриптизерка за пензионерите бидејќи тоа било прослава на Есенскиот фестивал.
Откако снимката беше обелоденета во јавноста, објектот за пензионирани воени лица се најде под силна осуда од јавноста.
„Намерата на настанот беше да ги забавува жителите и да ги расположи. Многу ни е жал за се што беше предизвикано“, се вели во соопштението. Претставник на институцијата изјавил дека одредени движења на танчерката биле премногу „ентузијастички и жестоки“ и дека треба да бидат повнимателни при планирањето на идните настани.
Taoyuan Veterans Home in Taiwan hired a stripper for disabled veterans. Proving you can still get up even when confined to a to a wheelchair. 🤷🏿♂️ pic.twitter.com/eaPw7BNQQr
— Agifoe (@agifoe) September 14, 2022