Иако се обидуваме да јуриме кон демократски процеси, не скандинавски ко што власта ги опишуваше на претходните избори, туку доволно е само нормални, онакви какви и прилегаат на држава која сака да застане на правиот пат и за народ кој заслужува да го добие тоа што е најдоброто од понудата, тогаш мора јавно да се дебатира за и околку сите политички проблеми и програми. Покрај сите договори што се направени околку спроведувањето на фер и демократски избори мора да има и член што ќе наложува задолжителни ТВ дебати и ТВ дуели помеѓу политичките противници.
Народот во Македонија во последниве 10 години, освен на претседателските избори, никаде на друго место не доби шанса јавно да го види соочувањето помеѓу лидерите на политичките партии. Не доби шанса преку нивно судрување да оцени што е правилно и што тие нудат на маса за подобро утре. Народот не доби шанса за одговори, ниту шанса за прашања што заслужуваат одговори. Целата македонска политичка сцена се сведе на сувопарни соопштенија кои нудат обвинувања, помалку објаснувања и нелогични оправданија.
Можеби е мал дел во демократијата, но политичките ТВ дуели мора да се вратат пред очите на јавноста, без разлика дали тие ќе им одат во прилог на сегашните или идни преставници на народот или дали тие се способни или уплашени да се соочат еден со друг. На крајот од денот, тие не преставуваат нас и нашите интереси, а не само самите себеси.
П.С. Последнава реченица важи само за Груевски, човекот што ја уби ТВ дебатата!