СДСМ: Се потврди криминалот со Шпанските скали

by Фокус

Опозициката оцени дека одлуката на владејачкото мнозинство во Советот на Град Скопје да да го ослободи инвеститорот „Амадеус груп“ од плаќање комуналии за барокна зграда на плоштадот Македонија во вредност од 150.000 евра е криминална.

– Предупредувавме дека се работи за државен рекет, односно дека многу брзо од инвеститорот ќе биде побарано да го компензира ослободувањето со градба на т.н. Шпански скали на негова сметка. Денеска граѓаните се сведоци дека на инвеститорот наводно одеднаш му текнало и решил од сопствени средства да изгради Шпанските скали. Да немаме никакви дилеми дека ова му текнало на криминалецот Никола Груевски – рече потпретседателот на социјалдемократите и воедни советник во Град Скопје, Дамјан Манчевски.

Поврзани новости