366
Слаб одѕив на граѓаните на повикот на Државната изборна комисија и до претпоследниот ден за пријавување на спорни гласачи.
Во ДИК до денеска вкупно 6 984 граѓани се јавиле да ги корегираат своите лични податоци.
Најмногу граѓани со спорни записи во избирачкиот список се пријавиле во општините Чаир, Тетово, Сарај и Куманово.
Останатите 33 321 лице, кое останаа на листата со спорни гласачи можат да се пријават до утре, кога истекува рокот, а во спротивно ќе бидат избришани од Избирачкиот список.