Млекарот Душко бара политички азил, државата не му издава пасош

by fokus

Млекарот Душко Илиевски не може да извади пасош зашто судот не ја повлекол забраната што му била изречена да не смее да ја напушти земјава, откако  во 2010 година бил притворен како осомничен за одгледување марихуана, објави СДК.

-Со адвокат бев во МВР во Скопје да видам што е работата, зошто во Битола не можам да извадам пасош. Таму ми кажаа дека уште не е повлечена забраната што ми беше изречена во 2010 година. Ми рекоа да доставам барање во судот. Се прашувам, зошто само за мене останала забраната толку долго? За брат ми нема забрана за да извади пасош иако заедно со мене беше обвинет и суден. Ова не мислам дека е случајно“, изјави Илиевски за „САКАМДАКАЖАМ.МК“

Пред десетина дена Илиевски обелодени дека бара политички азил надвор од земјава, зашто како, што рече, не може повеќе да ја издржи тортурата од државата.

Поврзани новости