Политичките партии финишираат со листите за кандидатите со кои ќе влезат во трката за градоначалници на престојните локални избори што ќе се одржат на 15 октомври, годинава.
Според нашите информации, во Демир Хисар кандидатури од редовите на ВМРО-ДПМНЕ поднеле актуелниот кандидат за градоначалник Љупчо Блажевски, кој ќе се бори за уште еден мандат, како и Пецо Бошковски претседател на Централниот комитет на партијата во Демир Хисар. Исто така, од истата партија кандидатура поднел и Живко Пејковски, поранешен директор на затворот Идризово.
Додека пак, од редовите на СДСМ, исто така се поднесени три кандидатури за градоначалничката фотеља. Битката се води меѓу Марјан Стојановски, Љупчо Најдовски и професорот Менде Солунчевски.
На социјалните мрежи веќе се вртат анкети, од кои се бара од граѓаните да ја дадат поддршката на еден од кандидатите.