645
Повеќе од 17 милиони куни се убиени и закопани во Данска со цел да се спречи мутираниот корона вирус, кој е забележан кај овие глодари.
Новиот мутиран вид на коронавирусот наречен Кластер 5 има потенцијал да ги упропасти сите напори на научниците, кои досега работеа на вакцина против Ковид-19 односно да ја направи помалку ефикасна.
Данска се обиде да го запре ширењето на мутираниот коронавирус низ цела држава откако беа потврдени 13 случаи во северниот дел на земјата.
Научниците претпоставуваат дека куните биле заразени со новиот коронавирус од работниците на една фарма, а потоа мутираниот вирус се вратил кај луѓето.
Со вкрстувањето помеѓу видовите дошло до мутација на „спајк“ протеинот, преку кој влегува во човековите клетки.