Мицотакис: Трансформацијата на Западен Балкан во област на мир е важна како за Грција, така и за ЕУ

by Fokus

Посветеноста на Грција на Агендата од Солун и поддршката за европската перспектива на земјите од регионот, ги повтори грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за време на неговото учество, преку видеоконференција, на Самитот за Западен Балкан во Софија во рамките на Берлинскиот процес, со кој претседаваат Северна Македонија и Бугарија, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис во обраќањето нагласил дека трансформацијата на Западен Балкан во област на мир, стабилност, развој и просперитет е важна како за Грција, така за Европската унија.

Паралелно, истакнал тој, критичните прашања, како што се владеењето на правото, почитувањето на човековите права и правата на малцинствата, зајакнувањето на демократските институции, како и почитувањето на договорите, се предуслови за пристапниот процес на земјите од Западен Балкан.

Во овој контекст, според Мицотакис, исполнувањето на критериумите во процесот на проширување, вклучително и добрососедските односи согласно меѓународното право, се од клучно значење.

Во однос на пандемијата, Мицотакис истакнал дека глобалната здравствена криза ја истакнува меѓусебната зависноста и потребата од поширока соработка меѓу земјите од регионот, како и со Европската унија.

Поврзани новости