Во Чиле потпишан Закон за легализација на истополовите бракови

by fokus

Чилеанскиот претседател Себастијан Пинера вчера го потпишал Законот за легализирање на истополовите бракови, откако тој претходно беше одобрен од Конгресот со историско гласање.

-Законот ги изедначува сите љубовни врски меѓу две лица, рече Пињера во владината палата Ла Монеда на церемонијата на која присуствуваа ЛГБТ активисти, претставници на граѓанското општество, пратеници и официјални лица.

Чулеанскиот Конгрес во вторникот го одобри законот што претставува пресвртница за оваа конзервативна јужноамериканска држава, која овој месец се подготвува за неизвесни претседателски избори.

-Сите парови кои сакаат да ја живеат љубовта, да стапат во брак и да основаат семејство ќе можат да го сторат тоа достоинствено и со правната заштита што им е потребна и ја заслужуваат, без разлика на сексуалната ориентација, рече Пињера.

Чиле долго време ја оддржуваше својата конзервативна репутација, дури и меѓу римокатоличките соседи. Меѓутоа, повеќето Чилеанци денеска ги поддржуваат истополовите бракови и во изминатите неколку години покажаа знаци на либерализација за различни социолошки и културни прашања.

Граѓанското партнерство во Чиле е легално од 2015 година, а со него на истополовите двојки им се дозволуваа во поголемиот дел, но не и сите, придобивки што ги уживаат брачните двојки.

Поврзани новости