Во Бугарија денеска, на 5 дена пред избори има 102 закани за поставени бомби

by Fokus

Десетици дојави за лажни бомби деновиве се испраќаат по бугарските институции, пред се во училиштата, нешто слично како и во Македонија.

Преку мејл сстигнуваат информациите дека има поставено бомба, а само денеска вакви мејлови се стигнати во 102 училишта во неколку бугарски градови.

Ова е особен проблем пред одржувањето на петтите предвремени парламентарни избори во Бугарија закажани за в недела, 2 април.

Според медиските информации, власта разгледува опции што доколку стигнат аларми за поставени бомби на гласачките места, а што се најавува дека поголемиот дел од местата за гласање нема да бидат затворени, додека сериозно ќе се пристапи кон испитување на заканата.

Јавноста во Бугарија ги разгледува одговорите на македонските инстиутуции во врска со заканите, кои не престанаа со месеци кај нас.

Директор на Софискиот безбедносен форум Јордан Божилов, зборувајќи за Бугарската национална телевизија рече дека позитивен чекор кај нас е промената на протоколите за постапување во вакви ситуации

Зборувајќи за тоа како може да се реши оваа закана, некои од експерти ја истакнаа македонската тактика, која засега се покажа како успешна.

„Училиштата ја информираат МВР, а МВР ја оценува сериозноста на заканата. Со тоа што не ја известува јавноста за заканите, се што се намалува или неутрализира ефектот што го бараат заканувачите, а тоа е создавање паника во јавноста. Второ, одлучено е да има полициски патроли пред сите училишта, како и нови безбедносни мерки на училиштата. Не е јасно дали навистина има патроли пред секое училиште, но дефинитивно има зголемено полициско присуство. И трето, властите веќе оценија дека заканите се хибридни напади. За некои од сигналите веќе има осомничени, а се верува дека има траги кои водат надвор од земјата – од Иран и Русија“, пишуваат бугарските медиуми.

 

Поврзани новости