Макстил го едуцира младиот стручен кадар на тема безбедности здравје при работа

by Fokus

Со стручни предавања и презентации, Макстил започна со спроведување на нов проект за едукација од областа набезбедноста и здравјето при работа во средните стручни училишта во Скопје. Преку пренесување на знаењата и стандардите за безбедност при работа, младите се оспособуваат за безбедносните протоколи пред да бидат дел од работната средина и индустриските процесикаде безбедноста и здравјето на вработените ееден од најважните приоритети.

Иницијативата на Макстил за вложување во едукација на стручниот кадар за БЗРуште од средното образование е со цел да се оспособат идните кадри кои ќе станат дел од индустријата,но и да се подигне свеста за безбедноста и здравјето при работа во пошироки рамки. Макстил, исто така,покрај стипендирањето на средношколците ја отвора и можноста за вработување на дел од овие стручни кадри, кои сакаат да станат составен дел на големото компаниско семејство.

„Во Макстил, како компанија од тешката индустрија, безбедноста и здравјето при работа е најголем приоритет и знаеме колку е важна подготвеноста и знаењето, како пред вклучувањето во самиот работен процес, така и во текот на работата. Во систем голем како Макстил и со ваков, комплексен произведен процес, безбедноста и здравјето при работа не е само индивидуална туку и колективна одговорност. Затоа веруваме дека едукацијата треба да започне уште во текот на стручното образование пред идните технички и стручни профили да станат дел од индустријата“, велат од Макстил.

Како продолжување на вложувањето во едукација на стручниот кадар од средните училишта, Макстил ќе организира и посета на погоните, каде учениците непосредно ќе се запознаат со високите и напредни безбедносни стандарди во компанијата и дека во континуитет работи на подобрувањето на безбедноста на своите вработени, како преку обуки, така и преку бројни инвестиции на полето на безбедноста.

Поврзани новости