662
Вeлика Британија ќе ги заостри ограничувањата, ако не се почитуваат правилата, изјави британскиот министер за здравство Мeт Хенкок.
Тој најави и дека Владата ќе воведе казни од 1.000 до до 10.000 фунти за прекршителите на новите правила за самоизолација.
– Ако сите се придржуваат до правилата можеме да го избегнеме карантинот, посочи Хенкок.
Новите правила за казнување ќе стапат во сила на 28 септември. Во Велика Британија вкупно 390.358 луѓе се инфицирале со новиот коронавирус, од кои починаа 41.759 лица.