ВМРО-ДПМНЕ: Несоодветен протокол за работа на градинките го загрози здравјето на децата

by fokus

Зоран Заев и неговата министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска не знаат ништо друго освен да ги лажат граѓаните.  Заев и Шахпаска со несоодветната постапка и несоодветните протоколи за работа на градинките го загрозија здравјето на најмладата популација, на децата, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Знаат ли воопшто во владата предводена од СДСМ што е потребно да се направи за работата на градинките во ситуација на пандемија со КОВИД-19. Очигледно не, бидејќи со самото отворање на градинките се појавија проблеми, од ден на ден слушаме само за заболени деца и за заболени меѓу вработените. Бројот на заболени деца од ден на ден само расте, велат од опозицијата.

Поврзани новости