Во Бразил за еден ден инфицирани 67.860 луѓе со Ковид-19

by Fokus

Во Бразил во изминатите 24 часа регистрирани се 67.860 луѓе инфицирани со Ковид-19, што е најголем број на новозаболени во еден ден, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Во Бразил од последици од новиот коронавирус досега починаа 82.700 лица, додека вкупно се заразени 2,2 милиони луѓе.

Светска здравствена организација во петокот соопшти дека епидемијата со Ковид-19 го достигна врвот во Бразил и оти властите треба да ја искористат можноста за сузбивање на ширењето на инфекцијата.

Поврзани новости