Вкупно 911 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.
Како што соопшти Министерството за здравство, во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 537 пациенти позитивни и суспектни на коронaвирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 37 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19, а во болницата во Штип 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 83 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 72, во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 58 пациент, во Кочани 17, во Кичево 11, Кавадарци 27, во Гевгелија 12 и сто толку во Дебар.
Од Министерството за здравство потсетуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Сите одделенија на клиничките болници, како што истакнуваат, располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.