Во болниците се лекуваат 1.318 заразени, слободни уште 130 кревети

by fokus

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.318 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство.

-По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 81 пациент позитивeн и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 67 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 60 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица лежи 63 пациенти, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 42, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат од Министерството.

Поврзани новости