МВР: Граѓаните да внимаваат при продажба на автомобилите, зачестени се измамите

by fokus 13:44
13:44

Зачестени се кривичните дела измами при купопродажба на патнички моторни возила на територијата на државата. Затоа апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не склучуваат договори за продажба на автомобили без да им бидат исплатени парите, порачуваат од Министерството за внатрешни работи.

-При вршење на измамите, од страна на измамници се склучуваат нотарски договори без да бидат дадени пари на продавачот на возилото, притоа искористувајќи повеќе невистинити искази за одолговлекување на плаќањето. Потоа, измамниците одбегнуваат секаков контакт со оштетените, стекнувајќи се со противправна имотна корист, велат од МВР и додаваат дека преземаат засилени мерки за расчистување на пријавените измами.

- Advertisements -

Поврзани новости