Во болниците низ земјава се лекуваат речиси 900 болни од Ковид-19

by fokus

Според здравствениот ковид-билетен во болниците низ земјава моментално се примени 888 пациенти заразени или сомнителни на Ковид-19, бројка која се приблиќува кон 900.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 131 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 23 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 13 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 71, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 452 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Поврзани новости