483
При ископ на земја на поранешниот отпад „Битолска Суровина“ лоциран на улицата „Индустриска“ во Битола пронајдени се пет гранати кои потекнуваат од Првата светска војна.
Како што информира МВР, случајот бил пријавен вчера во 11:47 часот во СВР Битола.
Од пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување, гранатите се подигнати за понатамошна постапка.