425
За вечерва во Битола се закажани и протест и контра-протест. Незадоволните граѓани кои веќе една недела протестираат против одлуката на Иванов за општа аболиција во 19 часот на граѓански пленум пред Офицерскиот дом ќе одлучуваат за нивните понатамошни чекори.
Тие вчера од Офицерскиот дом се упатија кон зградата каде што живее битолскиот градоначалник Владимир Талески, од кого бараат оставка поради изнесените основани сомненија од страна на Специјалното јавно обвинителство дека злоупотребил 360.000 евра за транспорт на ученици.
Во исто време вечерва, контра-протест организира ГДОМ, кој ќе започне на плоштадот Магнолија. Од ГДОМ велат дека тоа е собир за одбрана на државата и институциите и пoддршка на изборите на 5 јуни.