Авион на српска „Ер Србија“ ноќеска слета во Белград со 67 патници, евакуирани од Израел. Пристигнаа во српската престолнина преку градот Шарм ел-Шеик во Египет, од каде што полетаа.
Во авионот освен српски државјани, имало и државјани на Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и Хрватска.
Евакуацијата започна по американско-израелската воена операција врз Иран, а беше организирана од Министерството за надворешни работи и Владата на Србија.
Државниот секретар во српското МНР – Дамјан Јовиќ рече дека Србија со ова сака да испрати порака дека сака најдобри и најблиски односи со своите соседни земји – Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина.
Македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток досега, вкупно 473 македонски државјани побарале евакуација.