Седмиот по ред протест наречен „Србија против насилството“ во организација на прозападната опозиција почна пред Домот на народното собрание со исти барања. Овојпат собири се организираат и во Нови Сад, Ниш и Крагуевац.
Организаторите соопштија дека доколку не се исполнат барањата, освен во Ниш, Нови Сад, Крагуевац и Белград, протести ќе се организираат и во 10 други градови.
Првично беше планирано учесниците да пешачат од Народното собрание, преку Булеварот на Кралот Александар до Славија, па до Автокоманда, а оттаму до Мостарска Петља, но во меѓувреме на иницијатива на граѓаните беше променета патеката на протестот.
Новата траса е од Народното собрание преку Кнез Милош до Владата на Србија, а потоа продолжува до Мостарска Петља.
На протестот дојдоа шефот на пратеничката група на Клубот на Зелената левица, Радомир Лазовиќ, потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ и потпретседателот на ДС, Миодраг Гавриловиќ.