Во бегство е 89-годишникот кој застрела четири лица во Атина

by irena 13:33
13:33

Маж (89) изврши два вооружени напади со пушка во центарот на Атина и повреди најмалку четири лица.

Првиот напад беше кај канцеларија на Агенцијата за социјално осигурување, а потоа кај Апелациониот суд во Атина застрела уште три лица, пред да ја фрли пушката и да избега.

Во тек е голема полициска потера.

Вкупно четири лица се повредени од вториот напад, пренесени во болницата на Црвениот крст со површински рани од куршуми на долните екстремитети, а нивната состојба е опишана како добра.

Слични вести