2
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград, од Полициската станица „Вождовац“, во соработка со Второто основно јавно обвинителство во Белград, преку интензивна оперативна работа го идентификуваа и уапсија М.Б.(19), поради постоење основи за сомневање дека го сторил кривичното дело предизвикување општа опасност.
Тој се сомничи дека на 19 овој месец, на територијата на Вождовац, фрли предмет што содржеше запалива течност кон еден ресторан.
Во тој инцидент немаше повредени лица, но беше причинета материјална штета.
На осомничениот му е одредена мерка задржување во траење до 48 часа и тој ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.