1
Неколку стотини граѓани попладнево пред македонското Собрание, во паркот „Жена-борец“ се собраа на протест против насилството врз жените.
Со транспаренти на кои пишува „Не е трагедија, фемицид е“ и „Не е љубов ако те убива“ граѓаните миро протестираат и велат, со години се повторува истото сценарио политичари и носители на функции се фотографираат, даваат ветувања и декларативно се обврзуваат на промени, но кога треба да се преземе конкретна акција, процесите заглавуваат.






