Во бандата што украде 90.000 евра од Тутунска банка во Сарај имало и странци

by Фокус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека имаат одредени индиции за групата поврзана со вчерашниот грабеж на екпозитурата на НЛБ банка вчера во Сарај. Според него, бандата не е составена само од македонски државјани.

-Ова е трет случај од минатата година, а начинот на кој се случиле грабежите отприлика е ист. Освен вооружените грабежи, имавме и такви од вработените или лица кои имаат пристап. Ги реализиравме до крај, тоа беа грабежот во Тутунска и Шпаркасе банка и така натаму. Се работи многу посветено за да се расчистат сите овие случаи – рече Спасовски, без да открие повеќе детали заради истрагата.

Поврзани новости