622
Австрискиот Парламент донесе одлука со која се овозможува евтаназија на тешко болни лица. Според новиот закон, што беше донесен врз основа на препораките на Уставниот суд, останува забрането убиството на лице по негово барање, но можно е да се обезбеди помош при умирање.
Со оваа одлука на австриските пратеници, на тешко или неизлечиво болните лица, кои се полнолетни и способни да одлучуваат, им се дава можност да побараат помош за ставање крај на нивниот живот.
Предуслов за добивање на оваа помош е тој што сака да умре за се да биде целосно информиран од докторот, дека болеста е утврдена. Дополнително, мора да биде потврдено, од друг лекар, дека лицето во тој момент е при целосна свест и е способно да донесува одлуки.