745
Австриските медиуми јавуваат дека неколку луѓе во Австрија биле хоспиталиизрани откако користеле фалсификувани верзии на лекот за дијабетес „оземпик“ од данската фирма „Ново Нордиск“, соопшти австрискиот регулатор за здравствена безбедност во првиот таков извештај.
Информациите се дека пациентите доживеале хипогликемија и напади што укажува на тоа дека производот содржел инсулин наместо активната состојка на оземпик семаглутид, соопшти регулаторот BASG.
Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела предупреди дека има инјекции со лажно име „оземпик“.